Африм Буњаку, припадник на косовската полиција, е убиен во вооружен напад во селото Бањске во Звечан.
За моментот на нападот раскажува Фахри Шала, колега на починатиот. Шала рече дека биле подмолно нападнати од криминални групи.
„Неговото убиство е голема загуба за неговото семејство, колегите и заедницата во целост. Изразуваме солидарност со неговото семејство и најтопло сочувство. Ние веруваме во правдата и се надеваме дека одговорните за овој ужасен чин ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата. Споменот на мојот колега, наредникот Африм Буњаку ќе продолжи да биде извор на инспирација за сите нас кои чувствуваме одговорност интегритет и посветеност да ја продолжиме службената должност, напиша Шала.