Фудбалската репрезентација на Грузија се пласираше во осминафиналето на Европското првенство во Германија, откако во последниот трет натпревар од групата Ф во Гелзенкирхен ја совлада Португалија со 2:0.
Во вториот натпревар во групата Ф, Турција во Хамбург ја победи Чешка со 2:1 и се пласираше во нокаут фазата.
И токму кога во Хамбург владееја големи тензии, нервозата го зафати фудбалерот на поразениот тим Томаш Чори, кој сакаше да се пресмета со неколку играчи на противникот.
Заедно со сето тоа, навивачите влетаа на теренот и имаа желба да се пресметаат со некого на теренот. Судијата додели картони, црвени и жолти, а стјуардите ги оддалечија инволвираните од теренот.
Епилогот на крајот беше неверојатни 17 жолти и два црвени картони.
Tension between Tomas Chory and Arda Güler after the end of the Czechia – Türkiye match. Chory was punished with a red cardpic.twitter.com/4yzrBZeqDS
— PushGoals (@PushGoals) June 26, 2024