Претседателката на Македонија, Годрана Силјановска – Давкова на 21 октомври 2024 донела одлука за помилување на 10 осудени лица.
Извршувањето на изречената казна им се заменува со условна осуда за време од 3 години, на осудените лица: Акиф Равмановски од с. Арачиново, во траење од 1 година и 3 месеци; Никола Трпчески од Охрид, во траење од 1 година и Шенол Маслани од Арачиново, во траење од 6 месеци.
Акиф Рвамановски е всушност член на наркокланот „Барон“, а Шенол Маслани е брат на познатиот Шенки, кој од глава до пети бил облечен во „версаче“. Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога.
Со истата одлука за помилување, делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Мухарем Али од Скопје, во траење од 2 месеца; Тодор Попов од с. Миравци во траење од 3 месеци; Томислав Симеонов, од Скопје, во траење од 3 месеци; Перо Кузмановски од Градско, во траење од 3 месеци; Живко Делиџаков од с. Богородица, во траење од 3 месеци; Владимир Талески од Битола (поранешен градоначалник на Битола), во траење од 1 година; и Марјан Ефремов од Скопје, во траење од 3 месеци.
Владимир Талески беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и требаше да одлежи уште една година. Комисијата, по барање на Талевски и неговите адвокати, го уважила нивното барање во делот на намалување на казната и целосно ослободување и прифатиле делумно намалување на остатокот од затворската казна.
Талевски по вторпат е помилуван од претседател на државата. Во 2016 година, претседателот Иванов колективно потпиша аболиција на 56 лица, главно политичари и функционери меѓу кои беше и тогашниот градоначалник на Битола. Талевски се сомничеше за финансиски злоупотреби за превоз на ученици од тогашното СЈО, за што беше формиран и предмеот „Транспортер“.
По измените на законот за аболиција, тој сам побара да се повлече одлуката за негова аболиција. Во меѓувреме поднесе претставка до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а судот ги отфрли наводите на Талевски во насока да се исцрпат сите правни средства во Македонија.
Марјан Ефремов е првоосомничениот во аферата „Шпион“. Во истрагата за случајот „Шпион“, полицијата утврди дека тој бил вработен во Агенцијата за разунавање, но во 2009 година откако добил отказ формирал злосторничка група во која влегле поранешни или тогаш сè уште активни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми… При претресот во неговиот дом биле пронајдени поголеми количини оружје, експолозив и најобемна документација со класифицирани информации од случајот „Шпион“.