Жителите на Кочани и вечерва излегоа на протест да побараат правда и одговорност за пожарот во клубот Пулс во кој загинаа 59 лица.
Кочанчани бараат правда за жртвите на трагедијата, но воедно бараат и слобода за четворица свои сограѓани кои во моментот ја обезбедувале дискотеката „Пулс“ затоа што како што велат тие се вистинските херои на вечерта затоа што со голи раце и покрај пламените јазици заедно спасиле повеќе од 200-тини посетители на дискотеката „Пулс“ која се запали кобната вечер.
Напред на колоната се наоѓаа транспаренти со ликовите и имињата на Столе Боја, Мартин Горгиев ‘Пирка’, Лазар Захариев ‘Портокал’ и Ивица Грозданов.
Loading...