Нови пратеници на местото на премиерот и министрите стануваат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата ВРЕДИ.

Тие ќе ги заменат премиерот Христијан Мицкоски и министрите Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димоски, Изет Меџити, Владо Мисајловски, Иван Стоиљковиќ, Александар Николоски и Фатмир Лимани, кои повеќе не се пратеници.

Нивните мандати треба да бидат верификувани на денешната седница на Собранието