Првата дама на Јужна Кореја Ким Кеон-хи е во Обединетото Кралство каде што таа и нејзиниот сопруг Јун Сук-Јол се гости на кралот Чарлс и кралицата Камила. Но, она што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи е дека г-ѓа Хи, поранешен шеф на компанија за планирање уметнички настани, има 51 година и изгледа во најмала рака многу помлада.
Зборувајќи за Femail, козметички дерматолог откри дека „извонредниот изглед на госпоѓата што ѝ пркоси на возраста“ веројатно може да се „припише на комбинација од различни третмани“.
– Филери и ботокс се користат за да се постигне посвеж изглед без потреба од операција. Овие третмани можат да помогнат да се изедначат фините линии и да се врати волуменот, давајќи природен младешки изглед, рече дерматологот Еинас Муса.
Блескавиот изглед на Ким Кеон-хи се должи и на „минималната шминка“ што ја користи, но и на многу добрата нега што ја води за својата кожа.
– Блескавиот тен на Првата дама може да биде резултат на посебна рутина за нега на кожата, можеби вклучувајќи медицински и напредни производи за нега на кожата. Покрај професионалните третмани, факторите на животниот стил како урамнотежена исхрана, редовно вежбање и правилна хидратација играат важна улога во одржувањето на младешкиот изглед, вели Еинас.
Експертката за убавина Лаура Кеј коментира дека Хи изгледала „живописно, сјајно и сосема природно“.
– Ким Кеон Хи користи минимална шминка, нагласувајќи ги очите и усните. Нејзината коса е секогаш едноставно обликувана за да не го одвлекува вниманието од нејзиниот блескав тен. Со суптилни процедури, буквално можете да го вратите часовникот назад и да изгледате младо и свежо. Првата дама очигледно има пристап до најдобрите методи и се чини дека имала филери и ботокс бидејќи нејзината кожа изгледа малку растегната. Нејзината дневна рутина на кожата и е приоритет, додека скапите производи за нега се дел од нејзините тајни за убавина. Сметам дека таа инвестира во напредни пилинг и ласерски третмани за да ја одржи кожата свежа и здрава, рече Кеј.