Повеќе ноќни клубови под клуч. Затворени ќе останат се додека не ги исполнат условите за работа. Нејасно е дали ова ќе биде единствена казна за сопствениците или ќе се соочат и со други мерки. Дирекцијата за заштита и спасување не откриваат детали се додека не заврши акцијата.

Станица 26, клубот Маракана, Балет, Пјур, Епицентар.. Според, информации на Телма ова се само дел од познатите угостителски објекти кои добиле забрана за вршење на дејност. Целосно не ги исполнувале мерките за заштита и спасување. Немаат пломба на вратите, но се под клуч. Се додека не ги отстранат недостатоците нема да работат, брифираат истите извори.

Кај некои како на пример Станица 26, има активна лиценца, но треба да достават одредени документи.

Од Дирекцијата за заштита и спасување се уште не ги откриваат имињата, но потврдија дека има затворени објекти. Продолжуваат со акцијата и проверките.

Loading...

Премиерот Мицкоски пред неколку дена спомна дека ќе се врши мораториум односно дека ќе им се остави период на сите кои имаат недостатоци да ги отстранат. Меѓу оние со пропусти имало и градинки и старски домови. Кажа дека додека трае мораториумот нема да работата но колку време ќе биде тоа се уште се договара. Сепак, по ваквата најава на мораториумот останува нејасно дали на кој начин ќе се изведе овој мораториум – дали со суспензија на закони законски акти. Нејасно е и дали тие за кои сега е констатирано дека работеле без да ги исполнуваат ќе бидат и дополнително казнети.

Изминативе денови постојано слушаме дека има недостаток на кадар во инспекторатите. Според, годишниот план за работа на ДПИ не се предвидени нови вработувања. Нема ниту кој да ги замени и оние кои заминуваат во пензија. Исто така и според, Реформската агенда од планот за раст до јуни 2025 треба да се зголеми бројот на инспектори во пазарен и во трудов инспекторат. Премиерот пак тврди дека се ќе било завршено. И од дирекцијата за заштита и спасување исто така посочија дека и таму има потреба од кадар за работа.

Loading...