„Ти знаеш зошто“. Ова се трите збора што ги кажал масовниот убиец од Цетиње, Ацо Мартиновиќ гледајќи во очите на својата сестра Зорица Вулетиќ, една од 12-те жртви на масакрот во Цетиње.
Мартиновиќ ѝ пресудил на својата сестра во нејзината куќа. Ја убил, млада мајка… Две бебиња, ќерките на Зорица, близначки кои имаат само неколку месеци, нема да ја паметат мајка си, а траумата ќе ги следи цел живот. Ги држеле во прегратки братучетките од нивниот чичко, кои биле во куќата и ја гледале смртта со свои во очи… Сопругот на Зорица и неговиот брат, таткото на девојчињата кои ги држеле бебињата, не смееле да кажат збор.
„Вие седете или и вас ќе ве убијам“, рекол џелатот.
„Убив десет, сега ќе те убијам и тебе“, се зборовите кои сведочат дека злобникот не ги избирал жртвите случајно. Кога влегол кај сестра му, целта му била само Зорица. Ги поштедил другите. И не се прашувајте „зошто“. Дали и едно „зошто“ може да има смисла кога зборуваме за убиство на сестра на прагот и пред четири деца. Сестра, која, според познавачите на семејството на Ацо, му ги перела алишта и секогаш се грижела за него. Тој дури и ја дочека Новата година во нејзината куќа.