Македонскиот оперски пејач, Благој Нацоски ја изведе нашата химна на Олимпико, доби аплауз и од фудбалерите на Италија.

Кога почна македонската химна на Олимпико, се слушнаа свирежи од италијанските навивачи, но тоа беше очекувано со оглед на комплексот кој им го набивме во изминатите натпревари.

Македонија е кошмар за Италија, но италијанските фудбалери спортски ја прифатија химната, дури со аплауз ја испратија изведбата на маестралниот Благој Нацоски.