Повеќе од 300 илјади прегледи, околу 18.000 лајкови, скоро 1000 коментари и приближно 700 споделувања има карактеристичната „селфи“

фотографија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вчерашниот голем митинг на оваа опозициска партија пред Владата на Македонија.
На митингот на ВМРО-ДПМНЕ на кој според известувањата присуствуваа околу 50 илјади граѓани, беше промовирана кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Дафкова, а свое обраќање имаше и лидерот на партијата Мицкоски.

„На Македонија ѝ треба политичар, а не измеќар на ДУИ“ констатираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најавувајќи голема народна победа и на претседателските и на парламентарните избори.