Новак Ѓоковиќ и неговите фантастични достигнувања во тенисот често се објаснуваат не само со упорното тренирање и талент, туку и со вниманието на здравјето, кое се заснова на специфичен начин на исхрана.

Самиот Новак Ѓоковиќ во неколку наврати одбиваше да се декларира како веган или вегетаријанец. Вели дека неговата исхрана е „базирана на билки“ долги години и дека цело време игра на исто, многу високо ниво.

Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но српскиот тенисер не бега од јаглехидрати. Неговиот ручек најмногу се базира на тестенини (паста и нудли), па така се обезбедува со хидрати, но секогаш се работи за тестенини без глутен.

Што се однесува до слатките, постои една позната анегдота кога по освојувањето на турнирот во Австралија во 2012 година, одедна му се јави желба за чоколадо, па изел само една коцка, а остатокот од таблата останал недопрен.

Затоа на теренот секогаш има урми, одлични поради нивниот многу низок гликемиски индекс. Меѓу овошјето богато со шеќер јаде и банани, а секојдневно зема и по две лажички мед од манука.

На крајот, во неговата исхрана има многу јаткасти плодови и семки.