Сите 6-мина приведени во истрагата Феникс добија притвори, двајца домашен, а 4-ца затворски притвор. Поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на Тинекс Владимир Тодоровиќ и уште едно лице добија домашни притвори.

Поранешниот претседавач на Советот на општина Центар Владимир Здравев и неговиот брат Александар се меѓу осомничените кои добија 30-дневен затворски притвор.

Притворот е определен по барање на обвинителството во истрагата за злоупотреби и перење пари при набавка на споменици за проектот Скопје 2014-та.

Од кривичниот суд соопштија:

Судија на претходна постапка, по произнесување на осомничените коие бе спроведени пред судот, во присуство на нивните бранители, во однос на предлогот на ЈО за определување мерка прирвор, донесе решеноја со кои на В.Т. и Т.Д. им определи мерка куќен притвор, додека на Љ.Б.,В.З.,А.З. и З.П. им определи мерка прирвор, за сите во траење од 30 дена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.