Нестабилното облачно јадро проследено со пороен дожд, град, електрични празнења и засилен ветер сега навлегува во подрачјето на Кочани и Виница и се движи понатаму кон југоисток и исток.
Уште една нестабилна облачна маса навлегува од територијата на Косово и се очекува да го зафати најисточниот дел на Скопската Котлина и Кумановското подрачје.
– Кумановци и Криво Паланчани има ли крупен град?! Олуен систем ги зафаќа овие два македонски градови! Праќајте фотографии! 🌩🌩🌩 Олуен систем се движи и према Скопскиот регион и источна Македонија!, напиша на социјалните мрежи метео прогнозерот Славчо Попоски.