Според информации од тутунопроизводителите, Тутунскиот комбинат – Прилеп од денеска ја покачи откупната цена од 375 денари на 400 денари за килограм.

-Да точна е информацијата и документот кој го објавив на ФБ. Денеска во Тутунски комбинат Прилеп почнаа со кревање на цената на 400 денари и доплата од 25 денари на тие што дале тутун по 375 денари за килограм – изјави за Агротим, тутунопроизводителот Арнел Фазлиќ од село Десово – Прилепско.

Од Државниот Инспекторат на Земјоделство вчера информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.

Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот.