Балканскиот романтичар, кршачот на женски срца, неодоливиот шармер и една од најголемите музички ѕвезди во регионот, единствениот Владо Георгиев овој петок, 24.декември 2021 год. на незаборавна предновогодишна “afterwork” концертна журка во живо во новоотворениот локал „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје.

Забава на каква еднаш се присуствува, а долго се памети и раскажува, концерт на кој во еден глас се пејат најголемите хитови на големиот хитмејкер како: „Анѓеле“, „Једина“, „Збогом љубави“, „Жена без имена“, „Живим да те наѓем“, „Хеј ти“, „Искрено“… Човекот за кого се бара место повеќе, на чија музика се љуби, пее, плаче, пие, радува… Но најмногу и сигурно, одлично се забавува и незаборавно се поминува.

„Чест и задоволство ни е да Ви ја најавиме една од најголемите ѕвезди, Владо Георгиев кој ќе ни овозможи да имаме уште еден незаборавен “afterwork” и овој петок, на 24.12.2021 со почеток од 17:00h. Ве очекуваме!

Информации и резервации: 078 296 673 и 075 334 455“ – порачуваат организторите канејќи Ве на настанот на годината за кој бројот на места е ограничен, зашто истиот ќе биде спроведен според важечките препораки и протоколи за заштита од Ковид 19.