Голем хрватски малопродажен синџир и неговиот директор за набавки беа прогласени за виновни и казнети за измама на клиенти со лажни промотивни цени.
Инспекторите во хипермаркетот „Плодине“ во Загреб и на веб-страницата на компанијата на крајот на септември минатата година утврдиле дека „продажниот синџир користел неправедни или погрешни деловни практики, забранети со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите“, пренесува Даница.
Лажеле за попусти
Се работи неточна информација при рекламирањето на поволностите во однос на цената на кашкавалот Гауда, бидејќи се прикажувало дека каѓкавалот е на попуст од 36 отсто и дека неговата намалена цена е 5,49 евра, додека порано била 8,69 евра. Сепак, редовната цена на Гауда беше 6,49 евра, што значи дека цената била само 15 отсто пониска.
За долгозрнестиот ориз Скоти пишуваше дека е на попуст од 42 отсто и новата цена е 2,29 евра, додека претходно беше 3,98 евра. Во редовна продажба цената на тој ориз беше 3,98 евра, што значи дека воопшто нема попуст.
Како Плодине се бранеше на суд?
Од Плодине се бранеа дека каталозите ги испечатиле 10-тина дена пред нивната примена, а во меѓувреме стапила на сила владината одлука за ограничување на цените на производите, пишува Даница.
„Затоа редовните цени за наведените производи беа прикажани на ниво на оние пред примената на мерките за ценовно ограничување“, велат од Плодине.
Плодине и директорот мора да платат казна од 1.330 евра
Но, судијата ја отфрлил одбраната на синџирот и го прифатил исказот на државниот инспектор кој бил во продавницата и на управителот на продавницата.
„За обвинетите судот не утврди олеснителни околности, додека како отежнувачки фактор беше земена во предвид склоноста на обвинетиот кон незаконски облици на однесување, што се одразува во тоа што повеќе пати се осудувани за прекршоци“, рече судијата во пресудата што беше донесена деновиве, јавува Даница.
Плодине и директорот мора да платат по 1.330 евра казни и 133 евра процедурални трошоци. Со оглед на тоа што пресудата е необврзувачка, тие имаат право на жалба.Т