Станија Добројевиќ објави фотографии од Златибор, каде е на зимување во еден луксузен хотел. Како и обично и овој пат нејзините следбеници во коментарите не ја оставија на мира.
Старлетата се пофали со крзнената шубара која ретко ја носи, а не ја симнуваше ниту за време на појадокот. Но кој да го воочи она што на главата го носи расната старлета, кога има нешто многу попримамливо што му „боде очи“?
А како и не би бодело, кога старлетата се појави облечена во џемпер под кој не носеше градник, а нејзините гигантски силиконски гради јасно ги отцртуваа „наежените“ брадавици, што особено ги возбуди нејзините следбеници.
Меѓу нив сепак имаше и такви кои тврдеа дека не е во ред да се наѕираат нејзините брадавици, додека старлетата стои пред сликите на светци, закачени на ѕидовите во холот на хотелскиот комплекс.
„Па имаш ли ти градник? Знаеме дека имаш ци*ки, ама не си дома”, “Стефан Првовенчанин – светец зад брадавици”, „Ајде, барем да дојдеше облечена додека јадеш“, беа некои од критиките за изданието на Добројевиќ.
Иако Станија не сака да зборува за својот љубовен живот, на сите им даде до знаење дека се смирила со манекенот Марко Марковиќ, кого го запозна во реално шоу.
Тие двајца и мајката на Станија заминале заедно на зимување, а судејќи според фотографиите и снимките, навистина уживаат.