Градоначалникот на Мариупол Вадим Боиченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.
– Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на окупаторите, рече Боиченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.
Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина на 24 февруари.
– Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Боиченко. – И навистина е страшно, додаде тој.
Си-Ен-Ен истакнува дека не е познато дали се уште има борби во градот.
Украинските власти тврдат дека руските сили спречиле хуманитарни конвои безбедно да се приближат или да излезат од градот. – Потребна ни е целосна евакуација од Мариупол, рече Бојченко. – Нашата најважна мисија денес е да го спасиме секој живот… И има надежи дека ќе успееме. На пример, има 26 автобуси кои треба да одат до Мариупол за да евакуираат, но за жал, тие не добија дозвола за движење, појасни градоначалникот.