Водителката на „Елита“ Ана Радуловиќ се појави пред камерите во малку поинакво издание, па многумина се запрашаа што се случи со нејзиното лице. Ана за „Блиц“ откри дека имала голема непријатност.
– Имав здравствени проблеми. Не сакав да зборувам за тоа. Ја измив косата со ледена вода и добив фацијалис, истакна Ана.
– За жал, тоа трае веќе четири недели. Левата страна на лицето ми „паѓа“ и окото ми се затвора. Гледам дека луѓето се загрижени за моето здравје. Сакам да кажам дека се ќе биде во ред, примам одредена терапија и инјекции, за што поскоро да се вратам во нормала – изјави водителката за „Блиц“.