Попладнево работник паднал од зграда на просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје додека работел на неа, објави порталот СДК.мк.
За порталот настанот го потврдило Министерството за внатрешни работи.
„Попладнево околу 16.30 часот пријавено е дека работник падна од градилиште на зграда во градба во фабриката „Треска“. Екипи на СВР Скопје извршиле увид, а лицето со екипа на Брза помош е пренесено на Ургентен центар. Според информациите од таму работникот се наоѓа во животно загрозувачка состојба“, информирале од Министерството за внатрешни работи.