Во околината на Скопје најдени се два пиштоли кои се поврзуваат со убиството на Вања Ѓорчевска- соопшти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Тие се дел од истрагата. Дополнително ќе бидете информирани за се – вели Спасовски.
– Нашите служби стапија во контакт со турски оперативен извор, кој за кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир. Ни кажа дека сакал да замине за Истанбул, рече Спасовски.
Попладнево од страна на колегите од турската полиција бил уапсен, додека се движел пеш по автопат, додаде министерот.