Осомничениот убиец на малата Вања Ѓорчевска се обидел да го измами безбедносниот систем на Република Турција, обелодени вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вонредна прес-конференција
„Во Баликесир останал неколку дена и најмил такси-возач за да замине во Истанбул, но практично симулирал и повторно се вратил во градот. Но, денеска бил уапсен додека се движел пешки на автопат во близина на Баликесир, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски вечерва.