Тешка несреќа се случи утрово во центарот на Виена кога од кран се откачила палета и паднала врз тројца работници. Според првичните информации, палетата паднала од висина од 15 метри.
Еден од работниците починал на лице место, додека другите двајца се тешко повредени. Несреќата се случила околу 8 часот на градилиштето на улицата Јакобергасе, каде што се гради луксузен азиски хотел, пишува oe24.at.
По пријавувањето на несреќата, полицијата и итната помош пристигнале на местото на настанот и констатирале смрт на 24-годишен работник од Полска.
Други двајца работници на возраст од 42 и 56 години се пренесени во болница со тешки повреди. Веднаш е започната истрага. Сите работи на градилиштето се прекинати и се испитуваат безбедносните процеси.