Името на Љупчо Палевски се појавува во повеќе од 10тина пресуди објавени на судскиот портал. Претежно граѓански но и по некоја кривична. Во 2013 добил првостепена условна осуда за злоупотреба на службената положба а во 2020 Кривичен повторно условно осуден за измама на скопјанец со кого склучил договор за продажба на стан и иако оштетениот платил 53 илјади германски марки стан не добил.
Договорот е случен во 1998 на година, предметот носи судски број од 2012 година а првостепената пресуда е од 2020 година. Без исход остана и приведувањето во СЈО но и други случаи со кои се поврзуваше Палевски.
ТОА ШТО УБИЕЦОТ НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА Е ЧОВЕК КОЈ Е ПОЗНАТ НА ЈАВНОСТА КАКО СТОРИТЕЛ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА, А КОЈ НЕ ИЗДРЖУВАЛ ЗАТВОРСКА КАЗНА ГОВОРИ ЗА СИСТЕМ КОЈ ГО ОВОЗМОЖУВА ТОА, СМЕТА УРАНИЈА ПИРОВСКА ОД ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ.
Името на Палевски се појавува и како вршител на семејно насилство. Решение на скопска апелација од 2017, ја потврдува привремената мерка против него, чија цел е заштита на член на семејството кој трпел психичко и физичко насилство. Палевски ја нападнал жрвата со погрдни зборови и боксови од кои добила видливи хематоми и модринки потврдени со медицинска документација, може да се проочита во одлуката објавена на судскиот портал.
Медиумите во 2009 та објавија дека Врховниот суд ги потврдил сомневањата на Антикорупциската комисија дека незаконски се исплатени над милион евра отштета на фирмата „УПА Ентерпрајс” на Палевски за уривање на потпокривите на два објекта во Дебар маало кои според највисокиот биле дивоградби.