Медицинарите кои ја третирале 27 годишната пациентка од Штип касната од крлеж уште при влез во болница, па сѐ до транспортот на Инфективна во Скопје, сега се под здравствен надзор заедно со членовите од потесното семејство.

Причина за смртта на младата жена е Конго-кримска хеморагична треска. Тоа е болест која се пренесува преку заразени крлежи. Одлуката за здравствен надзор е поради тоа што болеста може да се пренесе и преку контакт со заразено лице, а не само преку каснување од крлеж.

Во овие четиринаесет дена треба да бидат под континуиран здравствен надзор и доколку пројават некакви симптоми да се јават на лекарски преглед. Пожелно е да бидат дома и да бидат дома и да бидат во домашни услови, затоа е и здравствениот надзор и затоа се издаваат овие решенија. Вкупно се 29 луѓе од кои 23 се здравствени работници, а шест се од потесното семејство.“, изјави доктор Рената Младеновска – Директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Младата пациентка починала во четвртокот на Инфективна. Примена е во сериозно тешка здравствена состојба. За нејзината болест нема лек, вели директорката на Клиниката, д-р Милена Стевановиќ. Смртноста од ова е огромна и се брои во над 40% од досега регистрираните случаи. Д-р Стевановиќ вели дека не секој крлеж може да пренесе болест и не секое каснување од страна на ваков заразен инсект има иста клиничка манифестација.

Со каснувањето од крлежот, влезен е инфектот. И тука се завршила приказната. Дали таа самата го вадела крлежот или пак некој од семејството, дали е дојдена во институција за да се извади крлежот – апсолутно нема никаква разлика повеќе. И тоа не може да се спречи. За жал, за оваа болест нема специфичен лек кој може ја лекува туку третманот се состои исклучиво од симптоматска и супортивна терапија., вели Д-р Милена Стевановиќ – Директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Главоболка, температура, болки во грб и зглобови, повраќање – ова се само дел од симптомите кои може да се јават кај лице заразено со Конго-кримска хеморагична треска. Во Македонија и порано имало случаи, но се јавува ретко. Затоа препораките на здравствените лица се – внимателно во шумски предели. Лица каснати од крлеж да го вадат истиот на лекар, а не сами.