Познатата пејачка Ана Николиќ (44) неодамна се најде во центарот на скандал кога поранешниот учесник во реалното шоу Дарио Шогоровиќ ја обвини за малтретирање, но и откако се појави нејзиното видео на кое се гледаат кратери на нејзиното лице.

По целиот хаос, Ана Николиќ го напушти Белград и замина во родната Доња Мутница, а сега се врати во својот стан во главниот град на Србија. Неколку часа претходно таа седеше во кафеана со својата пријателка, старлетата Маца Дискреција и членот на екстремната десница Миша Вачиќ, што дополнително ја шокираше јавноста.

Ана беше фатена од фотографите пред зградата во придружба на возач. Таа беше облечена во кратки шорцеви и бела маичка, а над тоа носеше долг џемпер, а евидентно беше дека цело време не се пресоблекуваше.

Лицето го сокрила зад големите очила за сонце и капа, додека за „Ало“ накратко изјавила дека се чувствува одлично. Да потсетиме, Ана се огласи на социјалните мрежи преку видео.

– Обично се трудам да го преспијам мојот роденден – се пошегува Ана.

– Јас не – одговори нејзин пријател, која беше славеникот.

– Па ти дечко не си дошол на мои години. Колку старееш, толку повеќе ти се спие – се насмеа таа на својата шега.