Првиот вицепремиер Артан Груби повследниот период е во фокусот на јавноста. Сега на социјалните мрежи кружи (веројатно постара) фотографија на која Груби може да се види во опуштено издане, каде посебно внимание привлекуваат необичните патики.
– Патичињава со се цена се носат или таков е моделот!??, се вели во коментарот на објавената фотографија. Во некои од подосетливите коментари, корисниците на социјалната прежа Фејсбук велат:
– За да си знае која е лева, а која е десна…
– Тие од комшијата му се дадени на услуга…
– Жена му има чип ставено за да не се изгуби…
– Тие патичиња се ваши 2 месечни плати, иначе така се носат и таков е моделот..
Неодамна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини груби дека очигледно стандардот на облекување на Груби порасна со потпишувањето на договорот за Коридорот 8 и 10.
„Артан Груби глуми моден гуру и замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Артан Груби вчера, смеејќи и се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики “Off-White” кои чинат над 450 евра.
Да потсетиме дека половина милион граѓани живеат со само 150 денари на ден и немаат леб да јадат, а Груби почна да се облекува во патики кои чинат повеќе од 27.000 денари. Нека се запраша дали тие граѓани на своите деца можат да им купат патики од над 27.000 денари.
Тогап ДУИ реагираше дека патиките на Груби чинеле 138 евра, а не 450 како што тврдеше ВМРО-ДПМНЕ.