Патничко возило „фолксваген“ излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица.

Како што соопштува Центарот за управување со кризи (ЦУК), возлиото виси на карпа, но луѓето во него се неповредени.

-Возило е излетано код главниот пат кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, кај местото викано Коритски Рид.

-Патничкото возило е марка „фолксваген“ во црвена боја со регистерски ознаки 01645KH. РЦУК Охрид извести дека за настанот запознаени се МВР СВР Охрид и тие испратиле патрола на тој дел, по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото висело на некоја карпа, наведува ЦУК.