Поради шумски пожар помеѓу селото Богомила и Прилеп, возовите од Скопје за Битола и од Битола за Скопје стојат во место, а бидејќи „Македонски Железници – Транспорт“ нема обезбедено алтернативен автобуски превоз, патниците се принудени да чекаат или сами да се снаоѓаат за да стигнат на своето одредиште, објавува вечерва Новинската агенција Мета.мк.
На битолската Железничка станица десетина патници што требаше да тргнат за Скопје со возот од 18:24 сега се редат на шалтерот за да им ги вратат парите за билетите, оти им е кажано дека возот најверојатно нема да тргне.
Претходниот воз од Битола за Скопје, што тргнал во 12.40 часот е блокиран во Прилеп, а возот што од Скопје за Битола тргнал во 14:30 часот е блокииран во Богомила.