Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 17 часот на автопатот Белград-Ниш кај рудниците Алексинац, дознава „Блиц“.

Според првите информации загинал пешак кој се нашол на автопатот. Засега не се познати околностите под кои настраданото лице се нашло на автопатот.

Дали се работи за обид за премин на автопат или патник кој излегол од запрено возило, се уште не се знае.

На местото на несреќата дошло до застој во правец на Ниш, а патниците известуваат дека на терен се полицијата и итната помош.

Според други неофицијални информации, се работи за пациент кој бил во возило на брза помош и кој наводно излетал од возилото, по што бил усмртен од автомобилот.