Минибус во кој имало девет државјани на Хрватска и Босна и Херцеговина сообраќал од Германија кон Хрватска и Босна и Херцеговина.

Едно лице загина, а 11 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопат во Австрија. До несреќата дошло кога минибусот удрил во камп приколка, а потоа се превртел на покривот, пренесува lamat.at.

Минибус во кој имало девет државјани на Хрватска и на Босна и Херцеговина, од Германија сообраќал кон Хрватска и Босна и Херцеговина.

Минибусот во правец на Грац го возел 28-годишен државјанин на Босна и Херцеговина. Според итната помош, повредени се вкупно 11 лица, од кои три потешко, но никој не е во животна опасност.