На 52-годишна возраст почина пејачот Ацо Бабиќ. Погребот е денеска на градските гробишта во Нови Сад.
Имено, пејачот кој своевремено пееше во бендот „Маратонци 021“, почина по долго и тешко боледување.
На социјалната мрежа Фејсбук, пријателите се збогуваат од Бабиќ со потресни зборови:
„Вашите песни остануваат…“, „Малку е да се каже дека сум шокиран… патувај со Господ, ќе те паметам“, „Последен поздрав до мојот драг колега… Патувај со ангелите. Моето искрено сочувство до семејството”…