Познатата пејачка Сања Малетиќ проговори за нејзините здравствени проблеми.
Имено, Сања дознала дека има проблеми со тироидната жлезда со која храбро се бори со години. Меѓутоа, покрај оваа болест, Малетиќ дознала и дека освен штитната жлезда, развила и Хашимото тироидит.
Хашимото тироидитис претставува воспаление на тироидната жлезда, кое се јавува како резултат на сложени автоимуни процеси во организмот. Имено, имуниот систем создава антитела кои селективно ја напаѓаат тироидната жлезда. Ваквата состојба – Хашимото тироидит се смета за најчестата причина за појава и развој на хипотироидизам. Таа претставува хронична состојба која може да се развива постепено со текот на годините и да предизвика оштетување на тироидната жлезда.
Сања сега проговори и ги раскажа деталите од борбата со овие две злобни болести.
– Добив нарушена тироидна жлезда, тоа е познато, но го добив и тоа хашимото бесплатно, што е тешка автоимуна болест. Тоа се постојани промени во расположението, но моите дома знаат, ги покажувам кога не сум расположена наутро, да не ме „чепкаат“. Едноставно е така, треба да ја победиш болеста и да бидеш тој што ќе ја води ситуацијата, јас сум господар за себе, кој се бори против сето тоа, без разлика колку е тешка болеста, а таа е навистина тешка. Никогаш нема да се откажам, тоа е мојата порака до сите што имаат сличен проблем, луѓето не смеат да се откажат од борбата за себе – вели Сања и додава:
– Има луѓе со кои не можете да разговарате за тоа, а истиот тој човек ви се јавува утре, па вие сте принудени да зборувате за вашиот приватен проблем. Не можам да посвојам дете, јас сум 73-то годиште и луѓе на моја возраст не можат да посвојуваат деца.