Ваида Шаќири (22) загина вчера во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Ниш – Пирот кај Нишка Бања.

Како што објавуваат српските медиуми, Ваида била примена во болница со тешки повреди, а на повредите им подлегнала во операционата сала.

Во несреќата загинала и една постара жена, додека нејзината ќерка Л.А. е примена во болница во тешка состојба. Моментално е стабилна и свесна.

Зад воланот бил таткото на тешко повредената Л.А., И.А.(54), кој поминал со полесни повреди.

Да потсетиме, несреќата се случила вчера околу 13 часот и 30 минути кога „цитроен ксара“ со белградски регистерски таблички под се уште неутврдени околности излетало од автопатот и паднало од надвозникот на регионалниот пат Ниш — Просек, кој минува под него.

Мајката починала на лице место додека таткото на Л.А. и Ваида Шаќири биле пренесени во Универзитетската болница во Ниш. За време на операцијата починала Шаќири (22).

– Загинатата не е во роднинска врска со останатите во автомобилот. Претходно се наведуваше дека таа е една од ќерките на загинатата жена и повредениот и сестра на девојчето кое е тешко повредено, пишува Блиц.

Познатиот српски пејач се прости од загинатата девојка

Пејачот Дарко Филиповиќ се прости од Ваида Шаќири (22), девојката која вчера загина во сообраќајна несреќа во Ниш.

Неговата објава ги шокираше неговите следбеници, кои оставија коментари во кои изразуваат сочувство.

– Почивај во мир… Патувај со ангелите, Ваида. Ми беше чест да те познавам – напиша Филиповиќ кој беше во далечната Австралија кога ја слушна веста за нејзината смрт.

Како што открил, таа била ќерка на негови семејни пријатели и била полна со живот, примерен студент и добра девојка.