Високите температири влијаат и на производството на леб. Производителите на леб и бели пецива велат дека проблем кој се јавува во моментот е квалитетот на лебот. На високи температури потешко е да се произведе квалитетен леб. Николче Малинов вели ова е пракса речиси секоја година пред жетва, ама сега дополнително влијаат и високите дневни температури. Со новата реколта очекуваат подобро брашно и подобар леб.
„Ние проиводителите имаме еден мал проблем, бидејќи на висока температира малку потешко да се произведе добар леб, така да проблем се јавува со квалитетот на лебот.
Ние се бориме како со температурите така и со квалитетот на брашното бидејќи пред жетвата секогаш брашното не е со соодветен квалитет. Очекуваме новата реколта да ни донесе подобри брашна за да имаме поквалитетен леб како и пониски цени на брашното.“ – вели Малинов за Мнет ТВ.
Моменталната цена на лебот се движи од 30 до 35 денари. Малинов посочува дека оваа цена е реална, но дециден е дека ако се намали цената на брашното ќе се реагира и за намалување на цената на лебот. Летниот период намалена е и побарувачката и производството на леб.
„Моменталната цена на лебот е околу 30 денари, некаде е 33 до 34 денари, но мое мислење е дека лебот треба да остане на таа цена. Ако имаме поевтинување на брашното секако дека ќе реагираме соодветно и ќе ја намалиме цената.“ – додава Малинов.