Албанскиот премиер Еди Рама денеска објави дека пензионерите ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите. За таа цел, додаде тој, владата ќе издвои фонд од 100 милиони евра.

„Овој бонус ќе биде на две нивоа: сите пензионери кои имаат пензија до 200 евра ќе добијат по 150 евра, што е трипати поголем износ од претходниот бонус. Пензионерите кои имаат пензија поголема од 200 евра ќе добијат двојно поголем бонус од претходните години, односно по 100 евра“, рече Рама.

Оваа разлика меѓу првата и втората група, според него, не се прави за да се даде помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија.

„Бонус од по 150 евра ќе добијат повеќе од половина милион пензионери. Опфатени се и трудови инвалиди и корисници на пензија како мајки или деца без родители. По 100 евра ќе добијат други околу 210 илјади пензионери“, албанскиот премиер.

Тој вети исплата на бонус за пензионерите и во месец март.