Поранешниот македонски кошаркар со НБА искуство, а сега претседател на КФСМ, Перо Антиќ често знае да привлече внимание во јавноста.

Тој беше жестоко критикуван кога одлучи на дресовите на националниот тим да ја стави Северна Македонија. Нешто што другите селекции, како одбојкарската, фудбалската и ракометната не го направија. Потоа одновно беше под „рафална стрелба“ од јавноста откако се појави со дуксер на Црвена Звезда на меч на Македонија.

Антиќ овојпат се најде во центарот на вниманието откако на претседателот на Србија му подари уникатни патник со српски симболи. Повторно ова не им се допадна на многумина, па го нападнаа, но Перо не им остана должен, па се огласи на Инстагра.

– Слушам на некој му сметал поклонот на мојот драг пријател Претседателот Александар Вучиќ. Братле (че говорам твој матерни јазик) седи там, троши лефчетата и глуми Македонец лажен!

Не знам дали ќе разбереш ова али не дирај лава док спава (на Српски е ова) не се базикај брко

Од тези като тебе Македонија пати, но има и лек за такви като тебе. Сажељавам што тези хора като тебе не са Македонски хора и пријателски хора!!

Таква хора като тебе, в нашата држава се познати като една или две црвени. Овој публицитет ти е гратис од мене, за следните ќе добиеш фактура братле од БЛГАРИА. Цмок.