Познатиот српски новинар, рок-критичар и публицист Петар Пеца Поповиќ веќе полни 38 години живее со срцево заболување.

Неговото срце денес чука благодарение на Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер (ICD) и тоа по 13 стентови, осум бајпаса, седум инфаркта, четири операции и дури две соочувања со клиничка смрт.

„Сите во моето семејство починаа од привиот инфаркт. Татко ми, баба ми, едниот вујко, па другиот вујко.. Јас одлучив да не умрам од првиот инфаркт. Јас сум жив доказ колку напредувала кардиологијата, кардиохирургијата и васкуларната хирургија“, вели Поповиќ.

И покрај болеста, тој живее со полни гради, со умерена физичка активност, терапија со лекови и со редовни контроли и консултации со лекарите.

„Препознавам кога не смеам да го предизвикувам своето срце и тоа е најважно. Кога имате толкаво искуство со болеста, најважно е повеќе да им верувате на лекарите, а помалку на приказните“, нагласува тој.

А токму лекарите му биле од голема помош и кога пред неколку месеци дознал дека е позитивен на коронавирусот.

„Го добив вистинскиот третман и вистинскиот метод на лекување“, кратко коментира тој.