Гитаристот на „Ју група“ Петар Јелиќ и неговата сопруга Александра поминаа низ вистинска животна драма. Нивниот прв син Виктор починал пет дена по неговото раѓање, а кога се родил Вук, следела голема битка.

– Сè најлошото што можеше да ни се случи, ни се случи. Првото дете ни почина, второто едвај се избори за живот, а се уште има последици кои се обидуваме да ги надминеме – изјави пред неколку години за „Глорија“ Петар Јелиќ. Како што изјави тогаш Петар, во првата година нивниот син имал осум операции.

– Имам дете со посебни потреби, па мојот син Вук имаше осум операции на мозокот во првата година по раѓањето. Ја имавме несреќата што пет дена по раѓањето ни почина првото дете, а потоа се роди Вук со истите симптоми и успеавме да го спасиме. Мојата сопруга и Вук поминаа една година во болница, тој сега е дете со посебни потреби и има четири дијагнози: хидроцефалус, церебрална парализа, епилепсија и аутизам – изјави меѓу другото Петар претходно за „Телеграф“.

Петар Јелиќ денес живее во Шведска, иако секој викенд е на релација Шведска-Белград, а таму работи и на училиште. Во тамошното училиште работи и сопругата на Петар, Александра, која во интервју за магазинот „Глорија“ во 2018 година зборуваше за тешките времиња низ кои поминале.

-Тоа беше секојдневна борба. Очите на Вук успеавме да ги видиме на дваесет и вториот ден по раѓањето, додека неговиот глас го слушнавме три дена подоцна – изјави тогаш сопругата на Петар Јелиќ.


– Кога првпат станав мајка, лекарите ме натераа да потпишам хартија дека детето живо ја напушта болницата и други формалности, а тоа моравме да го направиме за да го префрлиме во Институтот за мајка и дете. Како мајка ми ставија товар на душата дека детето ми починало како несреќен случај и со тоа морав да живеам три години. После тоа беше важно да се врати насмевката на нашите лица, за да продолжиме понатаму. Потоа го добивме Вук и веќе првата вечер ја започнавме борбата за живот. Неколку часа по неговото раѓање забележавме дека неговата кожа добива чудна боја, дишењето му беше исто како на Виктор. Ги препознавме симптомите и веднаш реагиравме, па успеавме да го спасиме – изјави Александра.

Сопругата на Петар во споменатото интервју зборувала и за тоа како една недела додека Вук бил во болница немала сила да го види поради прдвидувањата кои не биле добри.


– Петар инсистираше Вук да знае што ние како родители му нудиме и тоа да не биде солзи и страв – изјави тогаш Александра.

– Најважно ни е што Вук сега изгледа фантастично, дека е едно насмеано дете, бидејќи тоа успеавме да му го пренесеме. Се е во ставот, останува само формата – изјави Петар во споменатото интервју.