Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, Полициска екипа за безбедност на реките, денеска околу 17 часот спасиле осумнаесетгодишен матурант кој во алкохолизирана состојба скокнал во Савското езеро.

Со брзата реакција на полицијата тој безбедно бил извлечен на брегот и му била укажана лекарска помош.

Министерството за внатрешни работи на Србија уште еднаш апелира до сите матуранти да се однесуваат одговорно и да се грижат за својата безбедност, но и за безбедноста на своите другари за време на матурските прослави.