Жерард Пике по повлекувањето од професионалниот фудбал се посвети на проектот наречен „Кингс Лига“ и предизвика големо внимание во Шпанија со овој полу-аматерски турнир, но стартот на новата 2024-та година носи нови предизвици за легендарниот стопер на Барселона.
Пике својот последен меч го одигра на крајот на 2022-ра година, а после повеќе од 15 месеци пауза, очигледно е подготвен да се врати на посериозни и професионални предизвици.
Самиот Жерарад вечерва преку социјалните мрежи најави дека ќе му се врати на фудбалот, но не како играч, туку како тренер.
– Дојде нова година и откако внимателно размислував, решив да му се вратам на фудбалот. Многу ми недостасуваше.
– Не се враќам како играч, ќе се вратам како тренер. Ќе споделам повеќе детали за ова на крајот на неделата, – порача Пике.
Es un nuevo año y después de pensarlo detenidamente he decidido volver al fútbol. Lo echo mucho de menos. Esta vez no será como jugador. Será como entrenador. Compartiré más detalles al final de la semana.
— Gerard Piqué (@3gerardpique) January 9, 2024