Несреќниот Зоран П.(45) настрадал од струен удар во своето домаќинство, а како што пренесуваат медиумите, во семејната куќа живеел со својот брат и наскоро планирал свадба.
Голема несреќа се случила во Јабука, планинско село кај Пријепоље, а мештаните штом ги слушнале сирените на брзата помош знаеле дека нешто не е во ред, а кога слушнале што всушност се случило останале без зборови.
Имено, Зоран П., жител на ова село, загинал во своето домаќинство додека ја острeл косата (за косење треба) со брусилка. Како што е соопштено, причина за смртта е струен удар.
Иако брзата помош многу брзо пристигнала на Јабука, било предоцна, можеле само да констатираат смрт. По смртта на родителите, несреќниот човек живеел со својот брат во семејната куќа во родното село, а како што ни рекоа во селото, никој од нив не бил оженет.
Во селото важеа за добри домаќини, соседите имаат само пофални зборови за нив, а оваа трагедија го растажи целото маало. Нивното село се наоѓа недалеку од црногорската граница, во срцето на планина опкружена со шума.
Тие се занимавале со земјоделство, одгледувале крави и не планирале да го напуштат родното село.
Во ова пријеполско село се зборува дека Зоран требало за помалку од еден месец да се ожени и да го заврши ергенството, но судбината ги нарушила плановите.
Тој денеска беше погребан во родното село, пријателите, роднините и соседите го придружуваа до вечното почивалиште, а од вчера во ова село владееше молк.