8-годишната Нарин Гуран исчезна откако го напушти курсот за Куран во областа Баглар во Дијарбакир. Имаше фрапантен развој на настаните за инцидентот за кој зборуваше Турција.

Според последните информации кои ги пренесуваат турските медиуми, примероците од ДНК земени од автомобилот на нејзиниот вујко се совпаѓаат со примероците на ДНК на облеката на Нарин. По ова откририе, вујкото С.Г. бил приведен.

Според информациите, уапсениот вујко по постапките во обвинителството е упатен до судот со барање за приведување.

– Примерокот од крвта земен од мајката и таткото се совпаѓа со примерокот во автомобилот на вујкото. Како резултат на тоа, тој беше уапсен, рече министерот за правда Јилмаз Тунч во својата изјава и нагласи дека „главната цел е таа да се најде жива“.

Исчезнувањето на девојчето се случи попладнето на 21 август во руралниот округ Тавшантепе во областа Баглар. Кога Нарин Гуран, која одела на курс по Куран, не се вратила дома, нејзиното семејство ја барало со свои средства. Кога потрагата со селаните не дала резултат, таткото на Нарин, Ариф Гуран, истиот ден околу 20 часот отишол во станицата на жандармеријата и пријавил дека неговата ќерка исчезнала.

Дополнително, беа откриени и последните слики на Нарин пред да исчезне. На снимката од училиштето во 15.15 часот на 21 август, Нарин се гледа како оди со своите 4 другарки, а потоа заминува, користејќи го ридскиот пат и се упатува кон својот дом.

При претресот биле пронајдени две различни детски влечки на 3 километри од нејзиниот дом на 22 август и на 2 километри на 28 август. Но, било утврдено дека двете влечки не и припаѓаат на Нарин Гуран, се вели во изјавата на нејзиното семејство. Во рамките на истрагата, приведен беше и постариот брат на Нарин Гуран, Е.Г.(18), поради траги од каснување на раката.

Е.Г. бил ослободен откако прегледот во Институтот за судска медицина во Истанбул не можел да утврди дали трагите од каснување се на Нарин. Додека траеше истрагата за овој сомнеж, новите траги водат кон вујкото на Нарин, С.Г., кој денеска беше приведен.