Почина Есед Ахмиш од Вогошќа кој пред 14 години заболел од мултиплекс склероза и останал прикован во инвалидска количка.
Оваа тажна вест на социјалните мрежи ја потврди неговата сопруга Махира.
– А ти, душо смирена, упати се кон опростот на својот Господар и Неговото задоволство, па влези меѓу робовите Мои и влези во џенетот Мој, напиша Махира.
Есед и неговата сопруга Махира беа вистински пример за безусловна љубов, почит и поддршка.
Неговата сопруга се грижела за него секој ден, а заедно отишле и на умра (исламски аџилак во Мека).