Почина лавицата Кики која се чуваше во зоолошката градина Палиќ, објавено е на Фејсбук страницата на Зоолошката градина Палиќ.

„Лавицата Кики повеќе не е меѓу нас. По 15 дена борба, таа ја загуби битката на својот живот, и покрај нашите најдобри напори да ја вратиме. Кики почина на 6 октомври околу 21 часот“, се наведува во објавата.

Да потсетиме, лавицата Кики беше пронајдена во септември на патот Чантавир во Суботица во исклучително лоша состојба.