По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител.
– Од денес, по точно 25 години, не сум веќе во Сител. Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика 👋
Како што пишува порталот Информа, во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот трансфер.
Останатото ќе го видиме на малите екрани.