По речиси 30 години молк, личниот возач на принцезата Дијана, Стив Дејвис, откри шокантни детали за неговите последни години работа за кралското семејство и како лажните обвинувања го оддалечиле од принцезата. Тој е убеден дека сè ќе било поинаку таа кобна ноќ во Париз доколку не бил отстранет од нејзиниот живот, пишува „Дејли мејл“.
Стив Дејвис, со години го посвети својот живот на својата работа од соништата – служење на кралското семејство. Но, сè се промени во еден миг. Тој беше тргнат од околината на принцезата кон крајот на 1995 година, без објаснување и без право да поставува прашања.
За време на состанокот со принцезата и нејзиниот брат, грофот Спенсер, новинарот на Би-би-си Мартин Башир ја убедил Дијана дека Дејвис всушност е шпион на медиумите и дека нејзиниот автомобил бил прислушуван. Тоа обвинение скапо го чинеше Стив.
„Не ми дозволија ни да се доближам до автомобилот. Само седев 10 часа во гаражата, целосно одвоен од неа“, се присетил Дејвис во интервју за „Дејли мејл“.
И покрај болката од игнорирање и понижување, Стив одлучил да остане на платен список додека конечно не биде отпуштен во март 1996 година. Дури по смртта на принцезата, Дејвис сфаќтил дека тој бил колатералната штета на коруптивната тактика на Башир, чија намера била да обезбеди ексклузивно интервју за емисијата „Панорама“.
„Да се работи за кралското семејство значи да се има доверба, лојалност, дискреција. Мартин Башир ми го одзеде сето тоа. Дијана умре верувајќи дека сум ја изневерил, што никогаш нема да ми излезе од ум“, изјавил Дејвис.
„Верувам дека Дијана ќе беше жива да бев со неа таа кобна ноќ во Париз“, рекол тој и додал дека безбедноста на принцезата секогаш ја ставал пред се останато. Откако дознал сè за шегите на Башир, Дејвис чувствува потреба да се знае вистината.
Денес Стив има 56 години и води мирен живот далеку од очите на јавноста. Сепак, свесен е дека сеќавањата сè уште го прогонуваат.