Во Кантоналната болница во Зеница на 61-годишна возраст почина Харис Бурина, истакнат актер од Босна и Херцеговина. Бурина беше познат по неговите улоги во филмови, на телевизија и во театар.

Претходно му беше дијагностициран рак.

Роден на 2 февруари 1963 година во Зеница, Бурина ја започна својата кариера откако се запиша на Академијата за изведувачки уметности во Сараево. Веќе за време на студиите се истакна со својот талент, остварувајќи забележителни улоги во театарот и филмот.

Помина неколку години во Франција, каде го основа театарот „Ла Фенетре“ и ја создаде претставата „Птици од Сараево“.

По враќањето во Босна и Херцеговина, Бурина ја продолжи својата работа во филмот, телевизијата и театарот. Се истакнаа неговите улоги во филмовите „Go West“ во режија на Ахмед Имамовиќ и „Нафака“ во режија на Јасмин Дураковиќ, како и во популарната телевизиска серија „Луд, збунет, нормален“.

Бурина беше сакан и почитуван од публиката и неговите колеги и ќе остане запаметен по неговите извонредни актерски достигнувања. Неговата смрт остава празнина во Босна и Херцеговина, но и на блакнаската уметничка сцена која тешко ќе се компензира.