СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

По долго боледување, денеска почина Благоја Стојаноски

Свето Благовештение – Прилеп

Протоереј Благоја Стојаноски (9.11.1944 – 26.6.2022)

По долго боледување, денес во Господа се упокои протоереј Благоја Стојаноски, долгогодишен парох при соборниот храм Свето Благовештение во Прилеп.

Роден е во Прилеп. Средно богословско училиште завршил во Призрен. На 8.11.1966 година е ракоположен во ѓаконски чин, а на 27.11.1966 е ракоположен во свештенички чин од тогашниот Митрополит Преспанско-битолски Климент. Најпрво бил поставен за парох на Прилепечката парохија, а во 1974 година бил преместен на Варошката парохија.

Во 1976 година бил поставен за парох на Малокоњарската парохија. Од 15.06.1977 година, се’ до неговото пензионирање во 2007 година, бил парохиски свештеник на Шестата парохија при нашиот соборен храм.

Во 1983 година, од Митрополитот Петар е ракопроизведен во протоерејски чин. Од 1984-1994 бил старешина при храмот Свето Благовештение. Во негово време е изградена новата административно-парохиска зграда во дворот на црквата, во 1990/91 година.

Протоереј Благоја Стојаноски се пензионира на 1 јануари 2007 година.

Опелото ќе биде извршено на 27.6.2022 година (понеделник) во 12.00 часот во соборниот храм Свето Благовештение во Прилеп.

Бог да го всели во Царството Небесно!