По долго и тешко боледување, денес не напушти легендарниот хрватски поп пејач Мило Хрниќ, објавуваат хрватскитемедиуми. Имаше 73 години.

Хрниќ продаде повеќе од милион носачи на звук, издаде 20 албуми и над 200 песни. Во текот на 80-тите три пати победи на Сплитскиот фестивал со песните Vrati se, Dalmacijo, ljubav si vječna и Dobra večer prijatelji, хитови кои и денес уживаат да се слушаат и пеат.